Генадиј Крајевски, боксер од Литванија е пронајден мртов.
Крајевски во кариерата боксираше 76 пати, од кои доживеа дури 75 порази, па момчето од Литванија, инаку познат како „балтичкиот бомбардер“ остана запаметен како еден од најлошите борци во историјата на „благородната вештина “.
Интересно е што од тие 75 порази само девет пати беше нокаутиран, па зад себе остави 299 кола во рингот на официјални натпревари. А особено ќе остане запаметен по борбата со Томи Фјури, братот на Тајсон Фјури.
Неговата последна борба беше во август 2024 година против Леви Вон.
По таа борба мораше да ја заврши кариерата поради оштетување на мозокот што доведе до промени во однесувањето, нарушено ментално здравје и депресија, со кои се бореше долго време.
Деталите за загинувањето на овој борец не се соопштени.