ВОНРЕДНО Поранешен висок функционер во власта ставен на црната листа на САД

Артан Груби, поранешен вицепремиер во владата на СДСМ и ДУИ, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд во Северна Македонија, се ставени на „црната листа“ на Соединетите држави.

„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за

поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК).

Мијалков беше прогласен за виновен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033.

Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“, се наведува на веб-страницата на американската дипломатија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде