НАЈНОВА ВЕСТ: Голем пожар вечерва во Македонија, горат камиони

Вечерва во индустриската зона Визбегово избувна голем пожар во близина на бензинската пумпа „Хиб Петрол“.

Во пожарот како што јавуваат дел од медиумите се зафатени четири камиони, а засега не е познато дали има повредени

На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада, кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово проширување.

Од Центарот за управување со кризи испратија соопштение:

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово.

Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони.

Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде