Осомничени за организирање на злосторничко здружение за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што е нанесена штета од 6,5 милиони евра, се 29 лица, објави Нова ТВ.
Како што објави НОВА, Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата, близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев, е едно од звучните имиња опфатени во денешната акција на МВР, за откривање на повеќе дела поврзани со епскиот криминал во РЕК Битола, во ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, за кој се говори подолго време.
Со мега акцијата на МВР се опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Плусинфо дознава кои лица се осомничени.
Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, на списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола.
Повеќе детали наскоро…