Новинарот Фуркан Салиу се огласи на својот фејсбук профил со статус кој привлече внимание и реакции, а во истиот вели:
-Се родив, пораснав, станав татко во оваа држава со истите теми… Јазик, знаме, устав, историја, патриоти, предавници, Албанци, Македонци.
Законот за употреба на јазиците не бил во согласност со уставот… Па што е уставот бе луѓе? Куран? Библија? Или највисок правен акт кој што треба и мора да се прилагоди на потребите на народот кој што живее во одредена територија со свои граници и тоа се нарекува држава.
Дали сум јас ненормален што немам проблем да го зборувам македонскиот јазик или само живеам во ненормално општество кое што упорно одбива да се прилагоди на нормалниот свет и да се подобри?Ненормални се барањата од Бугарија.Не беа фер ниту условите поставени од Грција.
Но ако тие барања, условувања не се нормални, дали ви изгледаат нормални барањата на моите сограѓани за да се укине едно мое право и тоа од сопствената држава?
Правејќи го ова на својот народ ја оправдувате секоја постапка на соседите.Изгледа јас сум ненормален, но прифаќам да сум ненормален во оваа “нормално” општество.
