Музичката легенда Есма Реџепова на 11 декември пред 8 години, а нејзината куќа остана пуста, за што пренесоа сите медиуми во регионот.
Екипата на српски Телеграф пред два месеци ја посети вилата што Есма ја изгради во Скопје, каде што живееше до последниот ден, а глетката беше шокантна. Куќата е пуста, опкружена со плевел.
Внатрешноста беше морничаво тивка. Куќата претходно била ограбена, а од неа било одземено речиси се.
Прозорците беа скршени, хартиите беа расфрлани по подот, а крстот на покојниот сопруг и сликите кои ја раскажуваа приказната за нивниот заеднички живот беа оставени да скапуваат.
Многумина се прашуваат кому Есма го остави својот имот по нејзината смрт. Една година по нејзината смрт, во 2017 година, беше отворен тестамент во кој е наведено дека целиот свој имот го оставила на државата Македонија.
-Со години велеше дека сака да им го остави домот на културата и хуманоста и тоа ветување го исполни. Вечерва беше отворен тестаментот на Есма Реџепова во кој едноставно и јасно е наведено дека таа сиот имот и го остава на државата.
Така таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Секогаш кога патувала низ светот, во секоја изјава и интервју ја споменувала Македонија. Во срцето носеше македонска песна, душа и мисла. Постојано велеше дека е горда на својата Македонија. Затоа сиот имот и го остави на Македонија – изјави за радио „Слободна Македонија“ Зорана Костовска, најблиската соработничка на Есма Реџепова и додаде:
- Таа рече: „Заработив пари од концерти, луѓето купија билети, а јас вака ќе им се оддолжам на мојот народ“. Тоа беше нејзината порака.