Работниците месецов ќе земат К-15.
Единствениот услов работникот да добие регрес е да биде најмалку 6 месеци вработен во фирмата и, секако, да биде уредно пријавен на определено или на неопределено работно време.
Законската обврска на работодавачите е да исплатат К-15 до 31 декември, што значи дека имаат нешто повеќе од пола месец да ја исполнат својата обврска доколку истото не го направиле досега.
Најмалиот износ што треба да легне на сметките на работниците е околу 16.000 денари, колку што изнесуваат задолжителните 40 отсто од последна просечна тримесечна нето плата во Македонија.
Законодавецот предвидува казна во висина до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа, доколку регресот не се исплаќа.