Доаѓа полната месечина кај Близнаците (15 декември), а положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци, па ќе успеат да заработат големи пари кон крајот на 2024 година.
Ретроградниот Меркур e до 17 декември, така што првата недела е критична за вложување пари и потпишување договори. Затоа е подобро да се почека вториот дел од неделата кога ситуацијата е малку постабилна, пренесува Informer.rs.
Планетите нема да можат да им наштетат на одредени знаци, па ќе заработат пари. Ако се прашувате кој ќе има пари до 21 декември, меѓу нив се и знаците како: Јарци, Овен, Риби и Девици.
ЈАРЕЦ
Плутон и Венера ви носат солидна заработка, но и вредни подароци. Нема шанси да останете без пари во наредната недела.
ОВЕН
Венера во Водолија ви одговара, па ќе слушнете за можноста за дополнителни приходи преку вашите пријатели. Тие пари добро ќе дојдат пред Новата 2025 година.
РИБИ
Марс во Лав ви носи заработка преку личен труд. Работите напорно, што ќе ви се исплати до крајот на годината.
ДЕВИЦА
Можност за добивање бонус или унапредување на работа. Ова ќе ве мотивира да работите повеќе и да го надминете негативното влијание на ретроградниот Меркур.