„Многу силен земјотрес , за среќа што траеше многу кратко“: Серија земјотреси го тресат Балканот

Рано утрово серија земјотреси се забележани на Балканот. Првиот е регистриран во Србија, поточно во Бујановац, со магнитуда од 1,7 степени по Рихтеровата скала, во 2.25 часот во текот на ноќта. Потоа следеше во Јадранското Море, кај Херцег Нови, а потоа во Егејското Море недалеку од Атос.

Следниот земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското Море во 4 часот и 43 минути, на само 4 километри од Херцег Нови.

„Беше силно, но краткотрајно“

– Многу силен земјотрес , за среќа што траеше многу кратко – сведочат граѓаните на Црна Гора во ЕМСЦ.

Сепак, тоа не беше крајот. Третиот е регистриран во Егејското Море, во 4 часот и 53 минути, поточно кај полуостровот Атос кај Света Гора. Магнитудата на земјотресот била 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Како што може да се види на веб-страницата на Сеизмолошкиот институт на Србија , секој следен земјотрес бил посилен, а интервалот помеѓу последните два бил само 10 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде