Македонија под опсада: Вечерва голема полициска акција

Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи, објави Плусинфо.

Во моментов забележливо е големо присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но и во други делови на Скопје.

Единиците на МВР се подготвени за бурна ноќ, бидејќи акцијата ќе се прошири и во други градови.

Повеќе детали МВР ќе соопшти во текот на утрешниот ден, понеделник.

Извор: Плусинфо

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде