ВИДЕО Невремето направи пустош: Дувал ветер со 200 км/ч и однел покриви, може да има илјада мртви

Околу илјада луѓе загинаа откако циклонот Чидо го погоди островот Мајот во Индискиот Океан.

– Има неколку стотици мртви, можеби ќе се приближиме до бројката од 1.000 или уште повеќе илјади, изјави префектот на Мајот, Франсоа-Ксавиер Биевил и истакна дека во моментов е тешко да се знае точниот број на загинати, пренесува Скај њуз.

Чидо предизвика голема штета во саботата, при што беа погодени и блиските острови Коморос и Мадагаскар.

Метеоролозите од Метео-Франција велат дека ова е најсилната бура што ги погодила островите по повеќе од 90 години.

Ветер од 200 км/ч уништил бројни згради и им ги симнал покривите.

Главниот аеродром и болница беа исто така тешко оштетени, а многу луѓе кои живеат во небезбедни колиби во сиромашните квартови беа во сериозна опасност.

Видеата објавени од француската жандармерија покажуваат урнатини од стотици импровизирани куќи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде