„Ненадејно изгубивме скромен, тивок и добар човек“: Македонската кошаркарска федерација објави тажна вест

Кошаркарската федерација на Македонија објави тажна вест.

Ненадејно почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.

Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

„Изгубивме скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

Изразуваме длабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите, нека почива во мир и вечен спомен …“, објавија од судиската комисија на Кошаркарската федерација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде