Директорот на Платежната агенција Илија Стоилов објавува дека до Нова година ќе бидат исплатени субвенциите по мерки од растително и сточарско производство
АФПЗРР подготвена за историски најголемата исплата на субвенции во една календарска година.
Започната е административната обработка и спроведување на процедурите за исплата на финансиска поддршка(субвенции)по мерки од растително и сточарско производство.
Реализацијата ќе се заврши до крајот на годината.
Владата ,МЗШВ,Министерството за финансии и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој интензивно и посветено работеа земјоделците да ги добијат заслужените субвенции.