Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на главниот град на Вануату, Порт Вила, оштетувајќи згради и друга инфраструктура.
Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS) земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време на длабочина од 10 километри.
Земјотресот накратко предизвика предупредување за цунами за делови од островската држава на Тихиот Океан, но официјалните лица во 14:14 часот по локално време известија дека заканата поминала. Се уште не е познат бројот на жртвите. Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, автомобили погодени од паднати панели и мебел расфрлан по катови во домовите.
Американската амбасада во Порт Вила е меѓу зградите кои претрпеле оштетувања, според фотографиите објавени на интернет, пишува Би-би-си.
Мајкл Томпсон директор на Vanuatu Jungle Zipline Adventure, рече дека комуникациите во областа биле „навистина лоши“ и дека поставил мрежа Starlink во близина на неговиот дом за јавноста да може да пристапи на интернет.
„Има многу урнати згради низ градот. Во тек е голема спасувачка операција за извлекување на луѓето кои можеби се уште се живи под урнатините“, рече тој во видеото објавено на Фејсбук.
CCTV footage of 7.4 Earthquake in Port Vila, Vanuatu
— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024
December 17, 2024 #earthquake #Vanuatu #terremoto #sismo pic.twitter.com/0MJWyhepga
A powerful 7.4 magnitude earthquake struck Vanuatu, causing widespread destruction and Multiple Buildings Collapse in Port Vila,Vanuatu 🇻🇺
— Weather monitor (@Weathermonitors) December 17, 2024
Third video of US Embassy in Vanuatu, showing extensive damage #earthquake #Vanuatu #terremoto https://t.co/ukU7BtmCZP pic.twitter.com/1vDwo4hae2