Се огласи сопругата на кошаркарот кој утрово изврши самоубиство: „Живеев во пекол“

Украинската пејачка Ана Седокова (42) целата во солзи и со болен израз на лицето реагирала на веста за смртта на поранешниот сопруг Јанис Тима од кој неодамна се развела.

„Цел живот не разбирав како луѓето на кои им се случува ова во животот можат да снимаат приказни. Но сега навистина ве молам. Ве молам.

Имам дете, мало е, не треба да знае ништо за ова. Не замислувајте како живеам последниве години во пеколот, само треба да го спасам моето дете од оваа информација“, порачала пејачката на својот Инстаграм и Телеграм канал

Да потсетиме, утрово се дозна за смртта на нејзиниот поранешен сопруг и кошаркар кој според првите информации од локалните медиуми бил пронајден мртов во хостел во Москва.

Во меѓувреме пристигнаа бројни непроверени извештаи за причините за смртта, од гушење до тоа што скокнал од станот.

Седокова и летонскиот кошаркар започнале врска во 2019 година, а нивната венчавка стана позната една година подоцна.

Тоа беше трет брак на пејачката, втор за кошаркарот, но на почетокот на оваа година се дозна за нивниот развод.

Според руските медиуми, Тима боледувал од депресија, а се самоубил на денот кога неговата поранешна сопруга го прославила роденденот, а на телефон и оставил порака специјално за неа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде