Никола Груевски, екс македонскиот премиер и некогаше лидер на ВМРО ДПМНЕ се огласи на својот фејсбук профили каде се пофали:
BUDAPEST CHRONICLES 1 БУДИМПЕШТАНСКИ ЗАПИСИ 1. Издавачката куќа “Ѓурѓа” објави дека ја издаде и веќе излезе од печат англиската верзија на книгата „Будимпештански записи“ (1).
Печатеното издание на англиската верзија, исто како и македонската верзија може да се нарача од редакцијата на издавачката куќа, а дигиталната верзија од книгата е веќе достапна на Amazon.com.
Кога на Амазон ќе се отвори за Никола Груевски во неговата биграфија се вели:
-Од ноември 2018 година живее и работи на полето на економијата и бизнисот во Будимпешта, Република Унгарија, каде што институциите на оваа земја членка на Европската Унија и НАТО
му доделија статус на политички азил поради политички прогон против него од македонските државни органи.
Повремено објавува написи на социјалните мрежи поврзани со политика, економија, историја итн…, наведено е во биографијата.