Земјотрес ја стресе Македонија – еве каде е епицентарот

Попладнево нов земјотрес е регистриран во Македонија со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, епицентарот е во близина на Миравци.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.

Да потсетиме, овие денови серија земјотреси ја тресат Македонија.

На 17.12.2024 година, во 11 часот и 41 минути  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Подоцна, во 9 часот и 45 минути, регистриран беше уште еден земјотрес со јачина од 2,9 степени. Епицентарот на земјотресот беше во делчевско-беровскиот регион.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде