Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во споредба со октомври 2023 година, изнесува 108,5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

уметност, забава и рекреација (11,5 %), информации и комуникации (10,7 %) и образование (10,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите:

дејности во врска со недвижен имот (7,5 %), образование (5,0 %) и градежништво (3,1 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесува 42.134 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде