Се поизвесно станува дека поранешниот вицепремиер Артан Груби сепак не заминал на краткотрајно патување во Косово, туку дека е во бегство.
Во јавноста се повеќе се изразува незадоволството кај граѓаните зошто тој не бил уапсен на граница со Косово кога ја напуштал државата.
По тој повод, се огласи професорот Гордан Калајџиев,
кој вели дека не било возможно Груби да биде уапсен на границата со Косово.
„Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука.
Полициските мерки како “стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!“