Уште еден земјотрес го стресе регионот.
Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала го погоди главниот град на Грција, Атина, околу 13 часот и 20 минути.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 5 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри североисточно од Атина, а граѓаните почувствувале тресење, но слушнале и силен татнеж.
– Се слушна врева, земјотресот не беше многу силен, но татнеше, Кратко, но силно, се слушна татнеж,
„Беше кратко и едно лице го почувствува кај нас на 3-ти кат, напишаа во коментари за ЕМСЦ.