Страотна несреќа, две жени со тешки повреди итно пренесени во болница

Страотна несреќа, две жени со тешки повреди итно пренесени во болница

Вчера, на 20 декември, во 19.15 часот била пријавена сообраќајка во Полициска станица Пробиштип.

Патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки удрило во две пробиштипјанки, Р.В. (62) и Л.А. (65) кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Жените моментално се наоѓаат во Клиничка болница Штип.

Управител на возилото е З.М. (48) од пробиштипското село Стрмош, а настанот се случил на ул. „Јаким Стојковски“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде