ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот професор на Правниот факултет

На 93 години почина проф. д-р Љупчо Арнаудовски, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и еден од доајените во областа на криминологијата, пенологијата и социјалната патологија.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, магистрирал на Правниот факултет во Загреб, а во 1975 на Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“.

Од 1963 до 1979 работел како виш научен соработник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје,

а потоа бил избран за вонреден префесор на Правниот факултет во Скопје по предметите криминологија и пенологија.

Од 1985 имал статус на редовен професор. Објавил преку 200 научни трудови и три учебници.

Љупчо Арнаудовски ќе биде погребан утре на Градските гробишта „Бутел“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде