Хеликоптер се урна во болница за обука и истражување во Турција, при што загинаа четири лица.
Според турските медиуми, хеликоптерот се урнал во близина на болницата. Во несреќата животот го загубија пилотите, лекар и еден член на персоналот.
– Хеликоптер на брза помош на Министерството за здравство при полетување удрил во 4 кат во Тренинг и истражувачката болница и се урнал.
Има густа магла, се истражува причината за несреќата.
Хеликоптерот потоа падна во празен простор – изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбик.
По известувањето за несреќата, на местото на настанот се испратени екипи на противпожарна, медицинска, полиција и АФАД.
Се сомнева дека причина за несреќата е маглата, а по несреќата на социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии од урнатиот авион.
Muğla'da Eğitim ve Araştırma Hastanesi'ne çarpan helikopter boş alana düştü; olay yerine itfaiye, sağlık, polis ve AFAD ekipleri sevk edildi https://t.co/6G2rRIrGSK pic.twitter.com/56mo00LZq8
— Anadolu Ajansı (@anadoluajansi) December 22, 2024