Камионот закочил, но тој не: Младо момче загина во страшна несреќа на автопат, фотографиите се шокантни

Млад момче (28) загинал во страшна сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на Хановер, кога со полна брзина влетал под шлепер кој ненадејно закочил поради друга несреќа.

Бизарна несреќа со трагичен исход се случила околу 01:30 часот…

Според германските медиуми, еден автомобил изгубил контрола и удрил во банкините на автопатот и почнал да се превртува назад на коловозот.

Шлеперот кој го следел тој автомобил навреме ја забележал несреќата и почнал да кочи.

Но, младиот човек во опелот, кој го следел шлеперот, не реагирал навреме и со полна брзина удрил во шлеперот и се вовлекол под приколката.

Несреќниот млад човек буквално го откорнал целиот горен дел од возилото… Иако спасувачките екипи брзо пристигнале на лице место, дури 19 возила со околу 100 припадници на спасувачките единици, за младиот возач немало спас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде