Блазе си им: Еднократна дополнителна парична помош за пензионерите и за децата на возраст до 16 години доделува владата на Косово

Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и за децата на возраст до 16 години, јавија косовски медиуми.

Според косовскиот премиер Албин Курти, тоа не е само подарок за крајот на годината,

туку и инвестиција во благосостојбата на децата во Косово без разлика на нивната етничка припадност, како и поддршка за пензионерите.

Тоа е петта помош за пензионерите во мандатот на владата на Курти, од 2021 година досега.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде