Убава вест утрово: Овие граѓани да си ги проверат сметките, власта изврши исплата

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи за исплатата на финансиската поддршка да се врши навремено и редовно согласно календарот.

Денес е извршена исплата на субвенции од тековната 2024 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи за исплатата на финансиската поддршка да се врши навремено и редовно согласно календарот.

Секој земјоделец заслужува навремено да му се исплаќаат субвенциите.

Се изврши исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Исплатени се 294.212.786,00 денари на 4.533 производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март, април, мај и јуни 2024 година.

Исто така се изврши исплата на средства во износ од 83.451.028,00 денари на 10.727 земјоделци за мерката 1.4 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Грижата за земјоделците се покажа на дело преку исплата на сите заостанати субвенции од изминатите години, а со несмален интензитет ги исплаќаме и тековните субвенции за 2024 година, велат од МЗШВ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде