Утрово врнежи од снег во делови од Македонија – еве каде

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. 

Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.

Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана тешки товарни возила и преку планинскиот превој Барабарос, а од 08:05 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.

Од Авто мото сојузот на Македонија ги потсетуваат возачите дека од 15 ноември на сила е законската обврска за носење на зимска опрема во возилата без оглед на моменталната временска состојба. 

Внимавајте и на патниот правец Берово-Виница-Кочани на Обозна, бидејќи поради лизгав пат и многубројни одрони на патот, тешките товарни возила тешко се движат и го блокираат сообраќајот кој се одвива по лизгав и влажен коловоз…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде