Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска најави дека следната година Армијата ќе добие нови професионални војници,
како и дополнителен административен кадар потребен за Министерството за одбрана.
Според министерот, стабилното буџетирање, модернизацијата и вложувањето во човечки ресурси остануваат клучни приоритети за Министерството и на Армијата.
– Од следната година започнуваме со прием на 300 нови професионални војници. Ќе ги објавиме сите потребни информации, а заинтересираните ќе можат да аплицираат.
Со тоа го зголемуваме бројот на припадници во Армијата и ја подобруваме борбената готовност. Исто така, продолжуваме со прием на до 60 граѓани со цивилни факултети и ќе завршиме со постапката за прием на питомци.
Дополнително, ќе вработиме кадри кои се неопходни во Министерството за одбрана – истакна Мисајловски.
Министерот најави и дека од следната година Министерството редовно ќе ги исплаќа сите обврски кон вработените.
Во изминатите шест месеци исплатени се 99 проценти од наталожените обврски од претходните години.