Поради „технички проблеми“ итно се приземјени сите летови на авиокомпанијата „Американ ерлајнс“.
Причина за вонредниот потег најверојатно е пад на дигиталната мрежа, поради проблеми со софтверот од сигурносната компанија „Краудстрајк“.
Флотата на „Американ ерлајнс“ е приземјена во најлошото можно време – во екот на сезонската масовна миграција заради прославување на Божик во поширок семеен круг.
Ова заземјување ги наруши плановите на десетици илјади луѓе кои требаше да патуваат на католички Бадник, пренесоа американските медиуми.
– Проблемот се решава во најбрз можен рок – велат од компанијата.