Eве кои граѓани до крајот на годината ќе добијат околу 40.000 денари на своите сметки

КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 84 КАМ маркети, лоцирани низ Република Македонија.

КАМ ДОО е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев.

Како еден од лидерите во дисконт трговијата, КАМ Маркет на своите потрошувачи им ги нуди сите основни групи на прехранбени и непрехранбени производи со одличен квалитет по исклучително ниски цени.

КАМ Маркет ги задоволува потребите на целото семејство, и со своите редовни седмични понуди (четирипати месечно) внесува свежина во секојдневието.

КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: највисок квалитет по најниски можни цени. Овие принципи се гаранција за успех секој ден и насекаде – практичност, јасни структури во управувањето, колегијалност и правичност во работењето.

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто. Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат.

КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа сведочи посветеноста да се креира позитивна и поддржувачка работна култура. Со овој пристап, целта е да се зголеми задоволството од работата, мотивацијата и ангажманот на вработените.

На членовите на тимот на КАМ им се обезбедени конкурентни плати, како и голем број бенефиции и поволности. Компанијата овозможува обука и развој кои се задолжителни за сите вработени во првиот месец од вработувањето, а и понатаму постојано се вложува во нивниот професионален развој. Обезбедени се одлични услови за работа, бонуси, како и плати кои високо го вреднуваат и стимулираат трудот и севкупната работа на вработените.

– Сите овие придобивки ги уживаат вработените на КAM, кој во нашата држава е посакувано место за работа во областа на малопродажбата што резултираше со освоена награда за најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата маркети. КАМ како лидер на пазарот во областа на малопродажбата, воедно е и пример и поттик за останатите ланци на маркети во државата кои се стремат и настојуваат за воведување на конкурентни плати и бенефиции за вработените – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Успехот на компанијата, пред сè, се должи и на сите 1.400 вработени. КАМ исто така е насочен кон експанзија и моментално во државата има 84 маркети, а во план е понатамошно ширење и дополнително отворање на нови локации во наредниот период

Регрес за годишен одмор и континуирани награди

Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната. На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од 33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто, односно 41.000 денари. Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде