Силен земјотрес го погоди Кипар
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Кипар, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар западно од градот Пафос или 88 километри западно од Лимасол.
Засега нема информација за евентуални штети или повредени лица.