Од осми ноември надлежните институции не можат да ја пронајдат исчезнатата скопјанка Лидија Трајковска (43), која според сведоштвото на семејството, излегла од дома во раните утрински часови, без лични документи и мобилен телефон, по што и се губи траг.
Денес, во редакцијата на ,,Фокус” се обратија Билјана, сестра на Лидија и нејзиниот брат Александар Јоциќ.
Тие безнадежно раскажуваат дека како времето минува, случајот паѓа во заборав, и само уште тие двајца останале секојдневно да ја бараат Лидија, додека нивните родители веќе немале сили и се соочиле со влошена здравствена состојба после сите настани.
-Јас секојдневно одам по течението на реката Вардар, сам ја барам Лидија, иако не можеме да тврдиме дека е во реката.
За да ни се тргне тој сомнеж, ги молам институциите да ангажираат добро опремени нуркачи, да се провери коритото на реката детално!
Што ако навистина е во реката и телото е заглавено помеѓу гранки и секаков отпад кој се наоѓа внатре, во водата?
Зарем треба само да чекаме сестра ми од некаде да се појави, и да кренеме раце од потрагата по неа? – прашува Александар.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Фокус