Најнови информации: Продолжува драмата во Цетиње – Убиецот е се уште во бегство, се повикуваат граѓаните да не излегуваат од дома

Според последните информации убиецот Ацо Мартиновиќ е се уште во бегство, а во потрагата се вклучува и армијата.

Полицијата трага по осомничениот убиец Ацо Мартиновиќ, за кој велат дека најверојатно е вооружен и опасен.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ уби десет лица во масакрот во Цетиње, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13 години.

„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото.

После тоа се оддалечил, а познато е дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.

Полицискиот директор изјави и дека ова е втора трагедија што го погодува Цетиње во последните три години. Тој потврди дека меѓу загинатите има и две деца, додека четири лица се повредени.

Според полицијата, осомничениот бил облечен во темна облека и црна јакна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде