Ацо Мартиновиќ (45), осомничен за масакрот во Цетиње во Црна Гора, според неофицијални информации, се обидел да се самоубие, дознава „Радио телевизија на Црна Гора“.
Тој денеска во Цетиње уби 10 лица, според последните информации на министерот за полиција Данило Сарановиќ, додека четири лица се ранети и се во тешка состојба во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Наскоро подетални информации…
Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ уби десет лица во масакрот во Цетиње, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13 години.
„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото.
После тоа се оддалечил, а познато е дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.
Според полицијата, осомничениот бил облечен во темна облека и црна јакна.