УХМР со најнова вест: Започнуваат врнежите од снег, еве кои делови ќе бидат зафатени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.

Утринската температура ќе се движи од -6 до нула степени, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 8 степени.

Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.

В сабота претпладне ќе биде  променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.

Во недела ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. температурата ќе достигне до 11 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде