Брутално убиени за пари? Денеска е погребот на Ивана и Предраг, зад себе оставија две деца

Во Ариље уште владее тага откако Б.П. со огнено оружје во кафуле во центарот на градот ја убил брачната двојка Ивана и Предраг Новаковиќ.

Погребот на Ивана и Предраг ќе се изврши денеска на гробиштата во Латвица-Мала.

Погребот е закажан за 12:00 часот.

Граѓаните се во немир и потресени од трагедијата што го снајде нивното мало и мирно гратче, а низ градот се зборува дека причина за злосторството се парите.

Се познавав со семејството на Ивана и Предраг. Сите тие беа вредни, љубезни и чесни луѓе. Никој не може да каже ниту еден лош збор за нив.

Како што слушнав, причината за ова злосторство била парите. Не го познавав убиецот, дошол во Ариље како што слушнав од Вишеград – вели жител на Ариље.

Убиениот пар живеел во селото Летовица и зад себе оставиле две деца. Поради оваа трагедија во Ариље е прогласена дводневна жалост.

Ова е навистина голема трагедија која не снајде. И двајцата беа прекрасни, чесни и вредни млади луѓе. Ова е голема загуба не само за семејствата и пријателите, туку за целата општина – изјави претседателот на општина Ариље, Предраг Маслар.

Извор: Информер.рс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде