Се појави грозоморно видео на кое се гледа монструмот Ацо Мартиновиќ како пее песни каде се повикува убиство на Срби

На интернет се појави грозоморно видео на кое се гледа монструмот Ацо Мартиновиќ кој уби 12 луѓе во страотниот масакр во Цетиње.

Тој и уште две лица пеат песни кои повикуваат на убиство на Срби, објави Ало.рс.

Инаку, се сомнева дека на видеото е и неговата сестра која беше убиена во крвавиот пир на Мартиновиќ.

Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој во тој град уби 12, а рани четворица, во 2005 година доби условна казна за насилничко однесување.

Полицијата и претходно забележала асоцијално однесување кај него и побарала психијатриско вештачење. На Мартиновиќ тогаш му била препишана терапија во Здравствен дом, но не бил упатен во специјализирана здравствена установа.

Ова вчера на прес-конференција го соопшти ВД директорот на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ.

Зборувајќи за профилот на масовниот убиец, Шќепановиќ рече дека Ацо Мартиновиќ е роден во 1979 година во Цетиње. Се занимавал со поправка и бојадисување автомобили. Бил неженет, без деца и живеел сам.

Видеото погледнете го ТУКА

Извор: Ало.рс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде