ЛИКВИДИРАН УБИЕЦОТ ОД ЈАГОДИНА: При апсење пукал во припадници на полицијата

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во Јагодина припадниците на Специјалната антитерористичка единица го ликвидирале Саша Милосављевиќ, кој попладнето уби едно лице, а друго тешко рани.

– Припадниците на Специјалната антитерористичка единица го ликвидираа Саша Милосављевиќ (1977) во Јагодина, кој попладнето уби едно лице, а друго тешко рани.

Убиецот при обидот за апсење пукал во САЈ, по што бил ликвидиран – изјави Дачиќ.

Потсетуваме, во населбата Стрелиште во Јагодина, во кафаната „Круг“ вечерва имало пукање.

Како што напиша „Блиц“, минатата недела дошло до тепачка во кафаната „Круг“ во населбата Стрелиште, а вечерва конфликтот кулминирал со пукање.

Погодениот сопственик на кафаната им подлегнал на повредите во болница. Во престрелката е ранет и гостин на кафеаната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде