На социјалните мрежи се шири видео: Мијалков со „Ферари“ во Монте Карло

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков бил снимен како новогодишните и божиќните празници ги поминува во елитното место Монте Карло. Според објавеното видео, Мијалков е снимен во моментот како излегува од возило марка „ферари“.

„Затоа сме на ова дереџе“, „Секаде не има Македонци“, „Секој што има пари треба вака да живее“, „Еднаш се живее“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Мијалков излезе предвреме од затвор и е биде на слобода од декември 2024 година. Мијалков всушност излегува 4 месеци порано од затвор, но на решението има право на жалба пред Апелација. Инаку, Апелација претходно ја уважи жалбата на Мијалков, откако предлогот на директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура за условен отпуст на осудениот, беше одбиен како неоснован.

Мијалков излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Мијалков за предметот „Империја“ во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот во вредност од, како што првично тврдеше тогашната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, 30 милиони евра. Подоцна, имотот му беше проценет на речиси двојно помал износ.

Ексшефот на УБК беше обвинет за кривичните дела злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање на имот.

Затворската казна наместо во „Идризово“, ја издржуваше во затворот во Струга, кој е од отворен тип, откако непосредно пред издржувањето на казната ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде