Страотна сообраќајна несреќа – Тројца 20-годишници итно пренесени во болница
Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки,
управувано од Н.Л.(20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од селото Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.