Нема да ви се верува: Павле Витанов од Струмица откри една семејна тајна која ги изненади сите

Пејачот Павле Витанов од Струмица стана познат во целиот регион по победата во шоуто „Никогаш не е доцна“.

Тој триумфираше истата година кога и неговата сограѓанка Славица Ангелова победи во „Ѕвездите на Гранд“ и од тогаш медиумите од регионот често пишуваат за него и неговиот живот.

Па така „Гранд.онлајн“ деновиве сподели еден интересен детаљ од неговиот живот кој никого не остави рамнодушен.

Имено, како што пишува овој портал, Павле и неговата сопруга, како и нивните деца, сите се родени на ист датум.

Како што раскажа самиот за споменатиот портал, кога прв пат се запознал со сопругата и кога ја прашал кога е родена, не можел да поверува.

Но токму тоа дополнително ги зближило, а потоа и децата се родиле на истиот датум што навистина е за неверување.

„Тоа од економска страна е добро, четири родендени, две торти“, изјави во една пригода пејачот од Струмица.

Извор: Гламур.мк

Повеќе прочитајте на следниот ЛИНК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде