Балканот се тресе: Нов земјотрес во соседството

Земјотрес доцна синоќа се случи и во Грција, на 30 километри од Патра.

Земјотресот бил со 3,8 степени на длабочина од 15 километри.

Земјотресите во ова подрачје во Грција се честа појава, поради тоа што таму поминува тектонската плоча.

Претходно, Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран доцна синоќа во Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 40.243 и географска должина 19.652.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

Земјотресот со послаб интензитет е почувствуван и во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде