Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала утрово во 9 часот и 18 минути ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот е регистриран на 5 километри од Будва и 42 километри од Подгорица.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за материјална штета.
Претходно, Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран доцна синоќа во Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 40.243 и географска должина 19.652.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Земјотресот со послаб интензитет е почувствуван и во Македонија.