Видеото од прељубата, кое беше објавено во Бразил, стана вирално ширум светот.
Имено, свекорот на Сали ја пронашол својата снаа во автомобил на паркингот пред мотел и му било јасно дека таа го изневерува синот.
Постариот господин пришол и прашал што прават, зошто му го забиваат ножот во грб на неговиот син Маркињос.
Како што пишуваат бразилските медиуми, Сали со години е во брак со Маркињос, а нејзиниот љубовник е всушност пријател на нејзиниот сопруг на кој Маркињос му помогнал да го најде својот пат во животот, па дури и да му најде работа.
Откако биле откриени прељубниците, човекот од автомобилот прво рекол дека „не е се како што изгледа“, а потоа додал дека „не е виновен“.
Во меѓувреме жената од срам излегла од автомобилот на својот љубовник, за потоа плачејќи, молејќи и без збор да влезе во автомобилот на својот свекор.
Во еден момент на видеото се слушнал човекот кој ги открил како вели: „Како не ви е срам ова да го правите, ќе ве објавам сите да ве видат“.
Продолжението на семејната драма засега не е познато.
Извор: Гламур.мк