Секоја чест: Македонска компанија на двајца свои вработени им подари автомобили, а на трет ваучер од 7.000 евра

Честитки за вработените од менаџментот на Тамаро и им посакуваме на сите останати вработени многу успех во работата и долги години стаж, пишува во пораката од менаџментот на македонската фирма Тамаро од Охрид, која награди тројца свои вработени со два автомобила и една парична награда.

Автомобил од Тамаро доби Билјана Стевановиќ, која како што се наведува, е дел од Тамаро фамилијата – 22 години. Започнала со работа во 2003 година, на позиција агент за продажба, а денес е главен менаџер за продажба во Тамаро.

Автомобил од компанијата за подарок добила и Билјана Лолеска, која во Тамаро работи 23 години. Почнала како агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на магацинот во склоп на Тамаро.

Ваучер од 7.000 евра добил и Горан Манев, вработен во фирмата од 2003 година.

Тој започнал на работна позиција магационер, а сега е главен магационер и работи како контролор на прием на стока во АМ магацинот, како и ускладиштување на истата.

Така оваа не многу позната македонска фирма одржа лекција на многу поголеми фирми во Македонија како треба да се постапува и поттикнува кадарот за поуспешна работа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде