Македонците кои имаат бугарски пасоши со фиктивна адреса ќе треба да платат прекршочна глоба?

247- те Макецонци кои извадиле бугарски пасоши, а за кои екс градоначаникот на Благоевград призна вина за фалсификат и го осудија ќе си ги задржат патните исправи.

Бугарија под притисок на ЕУ само демонстрира дека прави нешто, а во суштина не прави ништо, појаснува адвокатот Тони Менкиноски за Алфа телевизија.

Тој вели дека Македонците со пасошите коишто се дел од предметот за екс градоначаликот Живко Чукарски ќе платат само прекршочна глоба бидејќи ја злоупотребиле постапката за вадење на државјанство.

Имено, бугарските медиуми откриваат дека процесот за добивање бугарски пасоши од 2016 до 2019-та во Благоевград бил претворен во профитабилен бизнис.

Македонците плаќале до 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово плаќале и до 5.000 евра. Главна улога во процесот играле повеќе од 100 „медијатори“, кои обезбедувале документи за потекло, фиктивни адреси и поддршка за процесот во институциите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Алфа телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде