Уште еден силен земјотрес стресе делови од светот.
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Издадено е предупредување за Цунами со максимална висина од еден метар за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти Агенцијата.
Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри,
а како што наведува јапонската агенција, не се потврдени неправилности во работењето на нуклеарната централа во префектурата Ехиме.
Властите ги повикаа локалните жители да не влегуваат во морето или да се приближуваат до брегот додека не се укине советот, соопшти метеоролошката агенција на земјата на X.