Уште еден силен земјотрес регистриран во соседството.
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 34,7 и географска должина 24,3.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.