Се огласија од клубот на Јовиќ: Сите сме во шок

Ракометниот клуб Пролет, чиј тренер беше Александар Јовиќ, се огласи по смртта на поранешниот репрезентативец на Македонија.

Јовиќ ненадејно почина утринава, на 51-годишна возраст, а Пролет го водеше од минатото година, откако си замина од Пелистер.

„Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.

Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.

Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата.

Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот.
 
Искрено сочувство до семејството,
РК Пролет“, објави скопскиот клуб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде