Голманот на Холандија за македонската „Фаланга“: Никогаш не сум видел вакво нешто, ова нема врска со ракометот

По мечот голманот на Холандија Матијас Рекс видно потресен се жалеше дека го полевале со вода навивачите на Македонија.

„Почнаа да маваат кон нас, леташе сешто. Никогаш не сум доживеал вакво нешто.

Очигледно, така тоа изгледа на Балканот. Во еден момент, кога сакав да ја фрлам топката, голот го наполнија со вода. Апсолутно лудо!

Ова нема никаква врска со ракомет. Ама, некогаш работите се и такви“, изјави Рекс. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде